Лапорта пак ќе се кандидира за претседател на Барселона: Ако победам, ќе го вратам Гвардиола

Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Хоан Лапорта, во интервју за каталонската телевизија „TV3“ објави дека планира повторно да се кандидира за претседателската функција. Негов главен адут во кампањата ќе биде најавата за враќање на успешниот тренер Пеп Гвардиола на „Камп Ноу“.

Лапорта беше претседател на Барселона во периодот од 2003 до 2010 година. Тој во 2008 го именуваше Гвардиола за шеф на стручен штаб, по што тој стана најуспешниот тренер во клупската историја.

„Работам на кампањата и повторно ќе се кандидирам за претседател на Барселона. Сум бил на таа функција, знам за каква чест, но и одговорност станува збор. Ситуацијата во 2021 година ќе биде драматична на финансиски план, но имам одличен тим зад себе и самодоверба дека Барселона ќе остане најдобриот клуб во светот. Мојата идеја е да го вратам Пеп Гвардиола на тренерската позиција. Чави исто така е веќе тренер, но тој самиот ќе реши кога за него е најдобро да седне на клупата. Не е лесно да се води Барса“, истакна Хоан Лапорта.

 

Се вчитува...