Лапорта потврди: Тренерот на Кузмановски станува нов тренер на Барселона

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во прес-конференција пред каталонските медиуми обелодени дека актуелниот тренер на Хановер, Антонио Карлос Ортега, ќе биде нов предводник на ракометниот тим на Барса како замена за Чави Пасквал.

Лапорта уште пред петнаесетина дена донесе одлука за разделба од Чави Пасквал, кој повеќе од една деценија го предводеше каталонскиот гигант, а изборот за нов стратег падна врз Ортега, кој од 1994 до 2005 година со успех како играч настапуваше за Барса. Ортега сезонава е тренер на нашиот репрезентативец Филип Кузмановски во бундеслигашот Хановер.

„Имам огромна почит за Чави Пасквал и за Давид Баруфет. Јас го поставив Чави за тренер во мојот прв мандат, му дадов директорска функција на Баруфет. Сепак, од техничко спортски причини треба да го смениме тренерот. Знам дека Чави вршеше одлична работа, но време е за нов импулс во тимот. Веќе го имаме договорено и неговиот наследник, тоа е Антонио Карлос Ортега“, изјави Лапорта.

Се вчитува...