Лапорта за истрагата во Барселона за корупција: Ова не е случајно…

Додека Барселона го ужива епитетот најдобар клуб во моментов во Ла Лига и се наоѓа на првото место со 11 бодови предност пред ривалот Реал Мадрид, голем скандал го тресе клубот од „Ноу Камп“ поради корупција.

Барселона е под истрага поради тоа што во периодот од 2016 до 2018 година уплаќала пари на фирмата во сопственост на Хозе Енрике Негреиро, долгогодишен шпански судија и потпретседател на судиската Комисија на шпанската федерација.

Вкупно биле уплатени 1,4 милиони евра, а компанијата „Даснил 95“ немала документација зошто се уплатени тие средства. Негреиро велел дека тоа се усни услуги кон Барселона.

Сегашниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта имаше свое видување за целата ситуација.

„Не оправдувам дека Барселона користела и плаќала советодавни услуги во врска со судењето, што е пракса во сите клубови. Тоа повеќе не го правиме затоа што сега имаме такви советници во клубот. Морате да знаете дека оваа не е случајно, и не излезе ова сега кога ни оди многу добро. Тоа не е случајност. Клубот ќе направи се да го заштити својот интегритет и углед, а на секој обид да се оцрни Барселона ќе реагираме соодветно“, изјави Лапорта.

Се вчитува...