Лас Палмас ја запре победничката низа на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Лас Палмас забележа изненадувачка победа од 2-1 против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од 12. коло во Ла Лига.

Домашните имаа предност и од 2-0 на мечот со головите на Кириан во 51. минута и Рамирез во 75. минута.

Атлетико Мадрид во финишот единствено со голот на Мората успеа да го ублажи поразот.

„Јорганџиите“ останаа, по овој пораз, на третата позиција од табелата со три бода помалку од водечките Реал Мадрид и Џирона.

Се вчитува...