Ласана Дијара доаѓа во ПСЖ како слободен агент

Поранешниот француски репрезентативец Ласана Дијара ги мина медицинските прегледи и се очекува да потпише договор со Пари Сен Жермен. Тој доаѓа како слободен агент на „Паркот на принцовите“, откако се раздели со Ал Џазира, каде настапуваше изминатиот период. Претходно, во Франција го носеше дресот на Олимпик Марсеј, а во кариерата беше член и на Реал Мадрид, Челси, Арсенал…

32-годишниот дефанзивен играч за врска треба во редовите на „светците“ да го наследи Тијаго Мота, кој на крајот од сезоната ќе замине во пензија. Дијара треба да потпише договор на една и пол сезона.

Се вчитува...