Латифи го напушта Вилијамс на крајот на сезоната во Формула 1

Николас Латифи ќе го напушти тимот на Вилијамс на крајот на тековната сезона во Формула 1. Поранешниот вицешампион во Формула 2 освои само седум поени на 55 трки додека возеше за Вилијамс.

Сезонава се уште нема освоено ниту еден бод, па логично е да го напушти тимот по три неуспешни сезони.

„Иако не ги добивме резултатите што ги планиравме, тоа беше фантастично патување. Освојувањето на првите бодови во Унгарија минатата година е момент кој никогаш нема да го заборавам. Ќе започнам ново поглавје во кариерата со посебни спомени. Знам дека ова нема да не спречи да ја одработиме сезоната до крајот максимално професионално“, изјави Латифи. 

 

 

Се вчитува...