Лацио донесе засилување од Бордо

Лацио договори засилување за средниот ред откако синоќа на аеродромот во Рим пристигна Тома Башиќ. Станува збор за 24-годишен хрватски фудбалер за врска кој настапуваше во францускиот прволигаш Бордо, но реши летово да се пресели во Лацио како нов предизвик во кариерата.

Римсскиот клуб се согласи да плати седум милиони евра за услугите на Башиќ, со клаузула за доплата од уште еден милион доколку „лацијалите“ се пласираат во Лигата на Шампионите во една од следните две сезони.

Бордо го доведе Башиќ од Хајдук за сума од 3,5 милиони евра во 2018 година, францускиот клуб сакаше да го задржи Хрватот, но неговиот договор истекува на крајот од сезонава, па „жирордниците“ мораа да го продадат за да не ризикуваат следното лето тој да си замине како слободен играч.

Башиќ настапи на 82 натпревари во дресот на Бордо, притоа постигнувајќи девет погодоци.

Се вчитува...