Лацио ги прекина тренинзите, сите фудбалери дома најмалку до понеделник

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, по консултациите со клупските директори донесе одлука да ги прекине тренинзите на римскиот клуб.

Во ситуација кога сезоната е стопирана најмалку до почетокот на април, а низ Италија владее масовна паника поради ширењето на коронавирусот, „лацијалите“ проценија дека најдобро ќе биде фудбалерите и членовите на стручниот штаб во овој период наместо изолирани во тренинг-комплексот Формело, да бидат крај своите семејства.

Денешниот тренинг што беше закажан во 15 часот беше откажан, а фудбалерите се упатија кон своите домови. На сите фудбалери им е дадена индивидуална програма за исхрана и одржување во форма што ќе треба да ја следат. Засега, прекинот на тренинзи важи најмалку до понеделник, но паузата би можела да се продолжи во зависност од развојот на ситуацијата на Апенинскиот полуостров во следните денови.

Сличен чекор најавија и челниците на Милан, а се очекува да им се приклучат и останатите италијански прволигаши.

Се вчитува...