Лацио го даде најсмешниот гол во историјата на римските пресметки

Лацио со многу среќа стигна до израмнување на градското дерби со Рома, со голот што дефинитивно е најсмешен во историјата на големите дерби-дуели на гигантите од „вечниот град“.

По еден корнер топката удри во горниот дел од гредата и не излезе надвор, а збунетиот голман Лопез се посрамоти со реакцијата. Смолинг се обиде да ја извади ситуацијата, но на вистинско место се најде Ачерби, кој од непосредна близина ја смести топката во мрежата.

Погледнете како изгледаше погодокот од кој останаа шокирани фудбалерите и навивачите на Рома, кои претходно заслужено поведоа со голот на Един Џеко.

Се вчитува...