Лацио го договори најдобриот косовски голгетер

Пласманот во ЛШ за наредната сезона ги крена амбициите на Лацио, па претседателот Лотито планира неколку трансфери со кои римјаните ќе прикажуваат уште подобри игри во наредната сезона. Во завршна фаза се преговорите за ангажман на Давид Силва од Манчестер Сити, а „лацијалите“ во меѓувреме успеаја да договорат трансфер на нов голгетер, најдобриот косовски напаѓач Ведат Муричи.

Станува збор за играч кој во последните сезони беше меѓу најдобрите во дресот на Фенербахче, но турскиот гигант е подготвен летово да го продаде. Новиот премиерлигаш ВБА покажуваше сериозен интерес, но „лацијалите“ успеаја да победат во оваа трка постигнувајќи начелен договор и со клубот и со фудбалерот. Лацио ќе му плати на Фенербахче 16 милиони евра (плус два милиони бонуси во наредните две години). Муричи ќе потпише петгодишен договор за загарантирана плата од 1,5 милиони евра по сезона, плус бонуси во зависност од бројот на постигнати голови и резултатите на римскиот клуб.

Се очекува трансферот да биде официјализиран до крајот на оваа седмица, по што Муричи ќе се појави на стартот на подготовките за новата сезона на Лацио, закажан за 20 август.

 

Се вчитува...