Лацио го освои Салерно, реми на Фиорентина и Емполи

Лацио им се врати на победите во италијанското првенство. Во 23. коло тимот од главниот град на Италија славеше на гостувањето кај Салернитана со 0-2 со головите на Имобиле во второто полувреме. Искусниот напаѓач стрелаше во 60. минута, а немаше проблем ни да реализира пенал во 69. минута.

Лацио имаше шанса и за трет гол, повторно од белата точка, но Луис Алберто не успеа да реализира.

Фиорентина и Емполи ремизираа со 1-1 во натпревар во кој мрежата ја тресеа Камбиањи и Кабрал.


Standings provided by SofascoreФ

Се вчитува...