Лацио ја згасна надежта за опстанок на Кремонезе (ВИДЕО)

Живееше Кремонезе во надеж за опстанок во Серија „А“. Имаше „во џеб“ бод од дуелот со Лацио, и ќе се приближеше до Лече на само еден бод, но римскиот тим во втората минута од судиското надополнување успеа да го шокира домашниот тим, и да стигне до победа, и веројатно да го испрати во Серија „Б“.

А, се добро тргна за Кремонезе. Водство во 29. минута преку Бонацоли на асистенција на Флоријани, потоа уште една шанса преку Зербин кога ја погоди стативата, а и шанса за Бонацоли во 42. минута кога одбрани голманот на Лацио.

Казната стигна во вториот дел. Нослин испрати топката до Исаксен, кој одлично ја прифати и стрелаше во левиот агол.

Асистентот на првиот гол за Лацио, стрелец на вториот. Нослин доби топка од Диа, и шутираше прецизно во голот на Кремонезе, кој претходно имаше шанса за водство, но Бондо не ја искористи.

Се вчитува...