Наполи игра многу подобро откако на чело на оваа екипа дојде Антонио Конте, но ниту трофејниот стручњак не може да помогне „наполитанците“ да најдат одговор кога се среќаваат со Лацио.
Откако пред неколку дена беа елиминирани од „лацијалите“ во Купот на Италија, двата тима вечерва се сретнаа во дербито во „Серија А“, при што римскиот клуб како гостин среде Неапол славеше со 0-1. Конте за разлика од куп-мечот овојпат стартуваше со сите клучни играчи во почетниот тим, но „сино-белите“ не успеаја да најдат начин да ја пробијат одбраната на Лацио, која функионираше беспрекорно и покрај повредата на искусниот Ромањоли.
Римјаните трпеливо ја чекаа својата шанса, a кога им се укажа – Исаксен во 79. минута со еврогол од работ на шеснаесетникот донесе предност што беше задржана до самиот крај, за конечни 0-1 и скок на Лацио на петтото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА