Лацио не ја победи Верона и остана зад Интер

Лацио не успеа да слави на домашен терен против Верона (0-0) во одложениот меч од Серија А и остана кус за еден бод во однос на Интер во трката за втората позиција на табелата. Тимот на Симоне Инзаги беше подобар ривал, имаше неколку одлични шанси, но среќата и стативите го спасија противничкиот голман Марко Силвестри.

Луис Алберто ја погоди рамката од голот на Верона во последните мигови од првиот дел, а потоа и во 64.минута. Но, до крајот мрежата на гостите остана мирна, а „лацијалите“ останаа бод зад Интер, на третата позиција на табелата.

Се вчитува...