Лацио реди победи, дојде на „минус три“ од врвот

Лацио дефинитивно влегува во топ-форма, откако римскиот клуб вечерва лесно го совлада Калјари со 3-0. Ова беше четврта победа во низа за тимот на Симоне Инзаги, со која „лацијалите“ се приближија на само три бода заостанување зад лидерот Наполи.Чиро Имобиле беше човек на одлука и на денешниот натпревар, откако италијанскиот репрезентативец уште во првото полувреме донесе водство од 2-0. Сите дилеми околу победникот на стартот на вториот дел ги разреши Бастос со голот за 3-0.

Се вчитува...