Лацио се врати на „котата 4“ во Италија

Фудбалерите на Лацио како победници се враќаат од гостувањето на Сардинија каде што римскиот клуб славеше со 1-2 стигнувајќи до три бода со кои оваа екипа се врати на четвртото место на табелата.

Гостинскиот состав прикажа повеќе на теренот, заслужено поведувајќи во финишот од првиот дел преку Закањи. Пиколи во 56. минута  стрелаше прецизно за израмнување, но радоста на домашниот тим траеше само осум минути бидејќи Кастелјанос биеше прецизно носејќи ги трите бода на римскиот клуб.

Калјари претрпе уште еден пораз на домашен терен, по што овој тим се наоѓа на само еден бод над опасната зона која значи преселба во Серија Б.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...