Лацио стравува: Јуве го „краде“ Давид Силва

Трансферот на Давид Силва во Лацио не е завршена работа, како што се надеваа навивачите на римскиот клуб, откако Јувентус се вклучил во трката по плејмејкерот на Манчестер Сити. Договорот на Шпанецот со „граѓаните“ истекува со крајот на нивниот настап во Лигата на Шампионите, а „лацијалите“ беа убедени дека го договориле ова суперзасилување откако Силва ја прифати нивната понуда – тригодишен договор за три милиони евра по сезона.

Проблемот за римскиот клуб е што трансферот требаше да биде официјализиран најдоцна до крајот на оваа седмица, но сега Силва им побарал дополнителни седум дена за да размисли пред да ја донесе конечната одлука. Италијанските медиуми тврдат дека причина за одлагањето е фактот дека сега и Јувентус покажал сериозен интерес за да го доведе големиот ас во својот табор.

Андреа Пирло има високо мислење за овој извонреден плејмејкер, а Јуве без поголеми проблеми ќе понуди подобри финансиски услови отколку што е тоа случај со „лацијалите“, воедно и ќе му понуди на Силва поголеми шанси во атакот на нови трофеи.

Се вчитува...