Фудбалерите на Лацио продолжуваат со катастрофалната игра сезонава откако им требаше 101. минута и пенал за едвај да извадат реми на домашен терен (3-3) против Торино во меч од 6. коло од новата сезона во Серија А.
Гостите поведоа со 0-1 преку Симеоне во 16. минута. До крајот на првиот дел „лацијалите“ направија целосен пресврт 2-1 со головите на Канчелери во 24. и 40. минута. Гостите возвратија на ист начин со два гола преку Адамс во 73. и Коко во 92. минута за 2-3, додека конечните 3-3 ги постави Каталди од пенал во 102. минута.
🚨 Danilo Cataldi (Pen.). An amazing final at 90′ +13
Serie A | 🇮🇹 Lazio 3-3 Torinopic.twitter.com/MqM4KP73RH
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 4, 2025
Лече стигна до првата победа сезонава откако славеше на гостувањето кај Парма со 0-1. Победничкиот гол за гостите го постигна Сотил во 38. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

