Лаутаро Мартинез го пропушта градското дерби со Милан

Напаѓачот на италијанскиот Интер, Лаутаро Мартинез доби суспензија од два натпревари поради црвениот картон кој го доби на мечот против Калјари во Серија А. Лаутаро доби црвен картон поради пропест кон официјалните лица на дуелот во 93. минута.

Поради суспензијата тој нема да може да им помогне на соиграчите во големото дерби на Милано кое на програмата е на 9. февруари. Покрај суспензијата од два натпревари тој доби и парична казна од 15 000 евра, а покрај мечот со Милан ќе го пропушти и дуелот против Удинезе.

Се вчитува...