Лаутаро Мартинез: Меси поинаку ја разбира играта, секогаш е чекор пред сите

Лаутаро Мартинез, ѕвездата на Интер, со големо воодушевување зборува за сонародникот Лео Меси. Во интервју за сајтот на УЕФА зборуваше за првата ѕвезда на Барселона.

„Лео повеќе го знам како соиграч од репрезентацијата на Аргентина отколку како ривал. Зборував и во минатото, а ќе повторам и сега – тој е најдобриот фудбалер на планетата. Фактот дека е Аргентинец не исполнува со гордост и сите се трудиме да учиме од него. По мое мислење тој е на повисоко ниво. Поинаку ја разбира играта, секогаш е чекор пред останатите“ – вели Лаутаро.

Лаутаро Мартинез во текот не летниот преоден рок беше поврзуван со трансфер во Барселона додека пак Меси се обидуваше да го напушти клубот. Исходот сепак е дека двајцата си останаа каде што си беа.

 

Се вчитува...