„Лавовите“ ги дефинираа противниците за Анталија: Шахтјор, Черно море, Тузла…

Македонија ЃП ја дефинираше комплетната програма за подготовките на тимот во Анталија.

„Лавовите“ веќе договорија и пет пријателски средби за време на подготовките во турскиот туристички центар. Противници на Македонија ЃП ќе бидат украинските Шахтјор Доњецк, Александрија, бугарските тимови Черно Море од Варна и Пирин, како Тузла од БиХ.

„Лавовите“ за продолжението од сезоната, пак, останаа и без Бианор Нето со кого е завршена соработката.

Се вчитува...