„Лавовите“ по победа во Кратово: Да се „дише во врат“ на Шкупи и Шкендија

Силекс и Македонија ЃП во уште една исклучително интересна пресметка ќе го затворат денеска 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

За кратовци е можност за приклучок кој водечките четири позиции на табелата, меѓутоа сосема е јасно дека „лавовите“ се повеќе од решени да ја продолжат трката за шампионската титула со Шкендија и Шкупи.

Триумф за составот на Жикица Тасевски ќе значи и доближување на само еден бод од второпласираниот Шкупи со што мирно би се впуштил тимот од Ѓорче Петров кон репрезентативната пауза која сега ќе следи.

ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВЧЕРА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – БЕЛАСИЦА (1-2)

Стоилов 11′(п) – Митевски 42′, Сулев 67′

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (1-3)

Селмани 66′(п) – Љума 4′, Кривак 42′, Ибраими 83′(п)

Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (2-2)

Чарлестон 25′(аг), Цаке 27′ – Мицевски 45′(п), Блажевски 96′

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР (3-0)

Ристовски 26′, 77′, Десниќ 85′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (2-2)

Лука Станковски 13′, Шаркоски 60′ – Адеми 28′, Нето 49′

 

Се вчитува...