„Лавовите“ против Академија Пандев за враќање на победите, Вардар против Ренова за „лечење на раните“

Фудбалерите на Македонија ЃП посакуваат враќање на победите, по претходниот пораз од Борец во Велес, за продолжување на трката за врвот со екипите на Шкупи и Шкендија.

„Лавовите“ денеска во Ѓорче Петров ги пречекуваат „пандевци“ за кои пак, од друга страна, секој бод е важен во битката за опстанок.

Вардар против Ренова ќе мора да ги „лечи раните“ по убедливиот пораз од 1-5 во претходното коло од Шкендија, а повеќе од интересен дуел и во Битола каде на мегдан ќе бидат Пелистер и Струга Трим Лум.

Стружани играат во одличен ритам сезонава , размислувајќи, како што велат, единствено од натпревар за натпревар. Овој пат и за триумф против Пелистер под „Тумбе кафе“.

ПРВА ЛИГА – 10. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

Струмица: БЕЛАСИЦА – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – СТРУГА ТЛ

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

ВЧЕРА

ШКУПИ – СИЛЕКС 1-0

Се вчитува...