„Лавовите“ ремизираа без голови со полскиот Погон

Во првиот свој натпревар за време на подготовките во Анталија, Македонија ЃП ремизираше без голови со полскиот Погон Шчечин.

„Лавовите“ одиграа квалитетен натпревар на теренот на „Глорија ресорт“ во Белек, против третопласираната екипа во полската Прва лига, но затаи реализацијата. Неколку убави можности имаше македонскиот прволигаш во второто полувреме, но на крајот мрежите мируваа на двете страни.

Македонија ЃП на дуелот против Погон настапија во следниот состав: Димовски, Ковачев, Мишевски, Личина (Филиповски), Алексовски (Пецов), Воша (Тантуровски), Емини, Адем (Фернандо), Трајкоски (Паду), Блажевски (Јашароски), Петров (Божиновски).

Се вчитува...