„Лавовите“ се засилуваат со Спиркоски и Трајковски од Победа

За настапите во квалификациите за Лигата на Европа, Македонија ЃП ќе ги засили своите редови со довчерашните фудбалери на прилепска Победа, Благојче Спиркоски и Лука Трајковски.

Спиркоски игра на десната бековска позиција, а Лука Трајковски треба да го засили нападот на „лавовите“ по заминувањето на Христијан Кировски.

Македонија ЃП на 20. јуни заминува на подготовки во Банско, а до тогаш според плановите на стручниот штаб треба да има засилување на играчкиот кадар со уште двајца до тројца нови фудбалери. Претходно тимот се засили и со Бразилецот Фернандо Аугусто.

Се вчитува...