„Лавовите“ убедливо поразени од украинскиот тим Олександрија

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров со убедлив пораз ги стартуваше пријателските натпревари на подготовките во Анталија. „Лавовите“ тестираа против украинскиот тим Олександрија и загубија со 5-0.

Вантух во 13.минута донесе водство за Олеклсандрија, а во вториот дел тимот на Наџи Шенсои прими уште четири гола. Грицук од пенал во 55.минута зголеми на 2-0, Шастал беше стрелец на следните два гола во 69. и во 86.минута, а серијата голови ја затвори Безбородко со втор пенал во корист на украинскиот состав.

 

Се вчитува...