Лазар Марковиќ го „ограби“ Ливерпул

Српскиот фудбалер Лазар Марковиќ е едно од најголемите промашувања во историјата на Ливерпул. Марковиќ беше член на Ливерпул од 2014 до 2019 година, но за клубот од „Енфилд“ забележа само 34 настапи. Често беше испраќан на позајмици, за на крајот неговиот договор да го откупи Фулам.

Медиумите во Англија во истражување открија дека Марковиќ буквално ги „ограбил“ “црвените“ во текот на неговиот престој. По информациите од Англија, Ливерпул во пет години на Србинот му исплатил 10 милиони евра.

По натпревар ако се пресмета Марковиќ заработувал неверојатни 365.000 евра. Марковиќ на „Енфилд“ стигна од Бенфика во трансфер вреден 20 милиони евра. Во моментов тој натапува за Партизан, а во кариерата беше член и на Хал, Спортинг, Фенербахче, Андерлехт и Фулам.

Се вчитува...