Лазаревиќ на излезна врата од таборот на „романтичарите“

Десниот бек и член на Работнички, Стефан Лазаревиќ најверојатно во идната сезона ќе има нов клуб. Како што дознава ЕКИПА, тој е на излезна врата од таборот на „романтичарите“, нешто повеќе од десет месеци откако потпиша со тимот од Дебар Маало.

Искусниот Лазаревиќ кој во минатото играше во Силекс, Македонија ЃП, Вардар, Тетекс, Борец, Гостивар, Скопје, има неколку понуди каде да ја продолжи кариерата, и наскоро ќе донесе конечна одлука околу својата иднина.

Лазаревиќ со тоа ќе им се приклучи на шестмината играчи, за кои е најавено дека нема да продолжат со Работнички, а станува збор за Анес Рушевиќ, Марселин Гандо Биала, Рашид, Валон Ахмеди, Медин Бајрами и голманот Игор Алексовски.

Работнички не смета на шест фудбалери за идната сезона

Се вчитува...