Македонскиот репрезентативец и кружен напаѓач на Вардар 1961, Милан Лазаревски, успешно ја заврши рехабилитацијата по повредата на рамото. Лекарскиот тим даде „зелено светло“, со што популарниот „Мечка“ наскоро се враќа на редовните тренинзи со тимот.
Лазаревски ги пропушти подготвителните турнири во Струга и Охрид, но ќе биде подготвен за кам-бекот на двократниот европски првак во Лигата на шампионите.
Покрај настапот во Лигата на шампионите, Вардар ќе се бори уште на три фронта сезонава каде покрај домашната Суперлига и Националниот куп ќе настапува и во новоформираната Регионална лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
