Лазаревски: Важна победа за подигнување на формата

Вардар обезбеди пласман на Ф4 во Сеха Лигата, откако вечерва го совлада тимот на Војводина и на гостувањето. Со оглед на победата во првиот меч, Вардарци излегоа како фаворити на овој меч, но не беше се така лесно, со оглед дека „црвено-црните“ имаа негатива од четири гола на полувремето.

Милан Лазаревски по натпреварот кажа дека Вардар не го потценил противникот, и дека неговиот тим очекувал полесна победа, но на крајот најважно е што дојде до посакуваниот резултат.

„Можеби потешко од очекувањата го добивме овој натпревар, со оглед како беше во Скопје. Без разлика на составот на противникот, ние не ги потценивме, имавме почит кон нив и влеговме максимално. Ова беше важен меч за подигнување на формата и на подобро воигрување пред финишот на првенството“, изјави Лазаревски.

Се вчитува...