Лазаревски „во аут“ за Нант

Вардар ќе биде ослабен на утрешниот домашен дуел со Нант во Лигата на Шампионите откако тренерот Чупиќ потврди дека Милан Лазаревски нема да може да им помогне на „црвено-црните“ на премиерниот дуел на домашен терен во елитното натпреварување.

„Лазаревски има проблеми со рамото. Тој тренира сам, не е дел од тимот на последните тренинзи и сигурно нема да настапи против Нант“, истакна Чупиќ.

Втор проблем претставува повредата на Жоао Педро да Силва, кој е во трка со времето да биде фит за да настапи против Нант.

„Рехабилитацијата на Педро е во завршна фаза. Ќе почекаме до денешниот последен тренинг, по што ќе донесеме одлука дали ќе игра утре или не“, објасни стратегот на Вардар.

Чупиќ во тимот ќе го нема ниту десниот бек Митровиќ, кој го одлежува вториот меч од суспензијата од четири натпревари од крајот на ланската сезона.

Се вчитува...