Мартин Томовски се враќа на голот на Македонија. Ова е познато откако селекторот Кирил Лазаров го одреди составот за вечерашната пресметка против Естонија во Талин во квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
На голот на Македонија се враќа Мартин Томовски, кој ќе го сочинува голманскиот тандем заедно со Никола Митревски.
Во сениорскиот тим на Македонија има еден дебитант во името на Мартин Ивановски. Тој ќе има можност за деби поради отсуствата на Игор Ѓорѓиев и на Марко Митев.
Мечот меѓу Естонија и Македонија стартува во 18:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА