Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го скрати списокот на повикани ракометари за претстојните натпревари против репрезентациите на Луксембург и Турција во квалификациите за пласман на Европското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.
Повратник во репрезентацијата е Филип Талески кој поради лични причини не настапи во мартовскиот двомеч против Португалија. Во составот се враќа и Гоце Георгиевски кој на мечевите со Луксембург и Турција ќе се прости од националниот дрес.
„Црвено-жолтите“ прво на 26. април ќе му гостуваат на Луксембург, додека на 30. во СЦ „Борис Трајковски” ќе го одиграат и последниот меч од овие квалификации против репрезентацијата на Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА