Лазаров и Нант му одржаа час по ракомет на Иври

Кире Лазаров и Нант прокнижија нови бодови во францускиот шампионат, откако вечерва без многу мака го совладаа тимот на Иври со преубедливи 38-24.

Гостите успеваа да одржат каква-таква неизвесност во првото полувреме, што заврши само со три гола разлика (16-13). Сепак, вториот дел мина во апсолутна доминација на домашните ракометари, кои константно ја зголемуваа предноста, за на крајот да стигнат до двоцифрена победа.

Македонскиот ас го заврши натпреварот со три гола од вкупно четири удари, а најефикасни кај Нант беа Балагер со осум и Нјокас со пет погодоци. Во прилог на Нант е и неочекуваниот пораз на Монпелје на домашен терен од Истрес, со што Ним сега остана единствен ривал на Лазаров и соиграчите во трката за второто место, зад неприкосновениот ПСЖ.

Се вчитува...