Лазаров и Нант со „десетка“ против Сесон

Кире Лазаров и Нант забележаа уште една двоцифрена победа на контролите против Сесон Рен, овојпат на домашен терен со убедливи 38-28.

Неколку дена по откажаната контрола со ПСЖ поради позитивен случај на Covid-19 во Нант, Лазаров и соиграчите повторно излегоа на мегдан против новиот прволигаш, декласирајќи го Сесон Рен. Тренерот Ентрериос реши да им даде шанса на сите ракометари, што овозможи Нант да диктира силно темпо и уште од самиот почеток да стигне до солидна предност што ја одржуваше и зголемуваше до крајот на мечот.

Лазаров немаше преголема минутажа, но сепак успеа двапати да се запише меѓу стрелците. Најефикасни во таборот на Нант беа Ривера со осум и Брие и Аугустинсен со по пет погодоци.

Се вчитува...