Кирил Лазаров потврди дека следната сезона ќе биде последна во неговата професионална кариера. Лазаров го продолжи договорот со Нант на уште една година, нешто што го потврди францускиот тим денеска.
„Ова ќе биде моја последна сезона како играч и одлуката веќе е донесена. Кога ќе преброите навистина поминаа многу години. Најважно е да се чувствувате добро, вашето тело да е добро. Го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам без проблеми“, изјави Лазаров за клупскиот сајт.
По завршувањето на следната сезона Кирил Лазаров ќе се посвети само на репрезентацијата на Македонија, каде одлично стартуваше на селекторското место со победата над Светскиот шампион Данска во квалификациите за Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА