Лазаров: Младите македонски играчи ќе бидат носители на КЛ7

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, не ја крие гордоста што неговиот проект КЛ7 летово направи чекор напред, пријавувајќи екипа за настап во Првата лига. Нашиот интернационалец улогата на тренер му ја додели на Андон Бошковски, од кого очекува да им помогне на младите ракометари уште повеќе да напредуваат во кариерите.

„Почнуваме нов проект , ракометен клуб во кој предност ќе дадеме на младите македонски играчи. Ќе поставиме принципи на функционирање , сериозен пристап во работата и она што е најнеопходно за напредок кај младите играчи квалитетен тренажен процес во текот на целата година. Ќе бидеме инкубатор за поголемите клубови, ќе соработуваме со сите македонски клубови за доброто на македонскиот спорт и ракомет. Ќе учествуваме на интернационални турнири со реномирани противници. Нашата цел ќе биде стандарден суперлигаш со таргет млади македонски играчи” – порача Кире Лазаров.

Подготовките под водство на Бошковски се веќе стартувани, а КЛ7 првиот официјален натпревар ќе го има кон средината на следниот месец.

Се вчитува...