Лазаров најефикасен во триумфот на Нант

Кире Лазаров со екипата на Нант ја прослави првата победа во француската лига. Во првото коло во шампионатот, Нант славеше убедлива победа на гостувањето против Маси со 22-28.

Во својот прв натпревар во француското првенство, македонскиот бек постигна пет гола од кои четири од седмерец и заедно со Давид Балагер, беше најефикасен во составот на Нант. Значаен придонес во овој прв триумф на Нант во првенството на Франција имаше и голманот Арно Сифер со 16 одбрани.

Нант беше во предност во текот на целиот меч, на полувремето гостите имаа предност од 7-13. Доминацијата на гостинскиот тим продолжи и во второто полувреме и Нант рутински стигна до првата победа во францускиот шампионат.

Се вчитува...