Селекторот на машката ракометна репрезентација Кире Лазаров, на денешниот собир за финишот на квалификациите за пласман на ЕП, истакна дека Македонија ќе ја чекаат два тешки меча од психолошки аспект, и од аспект што здравствениот билтен не е поволен, со оглед дека ќе недостасуваат некои ракометари.
Тој истакна надеж дека повиканите ракометари ќе одговорат добро на предизвикот во натпреварите против Естонија, а потоа и против Литванија.
„Јас сум секогаш оптимист и во животот и во спортот, така ќе настапам и сега. Мора да бидеме претпазливи на моменталниот наш здравствен билтен, доста играчи ни фалат, има некои нови играчи кои мора да ги заменат во одлучувачки натпевари. Периодот е краток. Немаме право на грешка, очекувам два психолошки тешки натпревари. Верувам во тимот и во екипата дека ќе одговорат со вистинско лице, голем дел од играчите кои се повикани знаат какви се овие квалификациски натпревари и знаат како е да немаш право на грешка. Сакам да ја видам нивната реакција, а и на новите играчи кои се тука. Се надевам дека ќе одговориме на предизвикот. Естонците покажаа во Скопје дека играат на гол повеќе, Литванците се покажаа во добро светло со Словенија. Ќе ни биде потребна поддршката од нашите навивачи. Кога ќе кажете Литванија, мислите на кошарка, а не на ракомет, но не е така. Имат искусни играчи кои играат во добри клубови. Против нив очекувам еден врвен меч и добар ракомет од двете страни Но, одиме чекор по чекор – прво одиме на Естонија, потоа на Литванија“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА