Лазаров: Ова е моја последна сезона, но можеби ќе ме премисли некој клуб од Топ 6 во Европа

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров најави дека ќе замине во пензија по завршувањето на оваа сезона, но во интервју за француските медиуми сепак остави простор дека можеби и ќе се премисли. За тоа да се случи ќе треба да добие понуда од некој од најдобрите шест клуба во Европа.

„Ова е моја последна сезона, барем тоа е моја желба. Но, сакам да си дадам време. Нема да ја донесам својата одлука до јануари, февруари. Ако одлучам да продолжам, тоа ќе биде само во случај на добра понуда од клуб од Топ 6 во Европа. Не сакам да играм – само колку да продолжам да играм. Само ако се чувствувам добро би продолжил, инаку мојата кариера ќе заврши тука во Нант. Моето тело и здравјето ќе ја донесат одлуката затоа што мојата глава и понатаму има желба за играње. Тоа е секако одлука која ќе ја донесам заедно со семејството“, изјави Кирил Лазаров.

Се вчитува...