Македонија забележа убедлива победа на гостувањето против Естонија (17-36) во претпоследното коло од квалификациите за ЕП 2026, исход што ја носи нашата репрезентација чекор поблиску до билет за претстојниот континентален собир.
Селекторот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров по мечот изјави дека е презадоволен од константноста што ја имале во играта неговите ракометари сите 60 минути.
„Им честитам на играчите за прикажаната игра. Ме радува тоа што бевме константни во сите 60 минути, имавме одличен пристап и пруживме вистинска борба. Заслужија ракометарите честитки и поддршка во недела за прикажаното. Во недела не очекува физички моќна и тркачки добра репрезентација на Литванија. Се надевам дека ќе бидеме на ниво, но сеедно очекувам тешка борба. Ќе ни бидат потребни и концентрација и свежина за да ја исполниме целта“, изјави селекторот Кирил Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА