Лазаров под просекот, Нант славеше на увертирата пред Вардар

Екипата на Нант во второто коло од француската „Лидл лига“ ја забележа и својата втора победа, овојпат на домашен терен над екипата на Сесон (38-30).

Со тоа, Нант во победнички ритам ќе допатува во Скопје, за претстојниот дуел од Лигата на шампионите против екипата на Вардар. Нашиот Кире Лазаров немаше свој ден на мечот со Сесон, на кој македонскиот „бомбардер“ постигна три гола од дури девет обиди (еден промашен пенал). Сепак, Нант и покрај проблемите во првото полувреме и негативата од 13-14, во вторите 30 минути целосно го надигра гостинскиот тим и заслужено стигна до убедлива победа од 38-30, при што последниоот погодок со удар од седум метри го постигна токму Лазаров.

Најефикасни во победничкиот тим беа Турнат со шест и Нјокас со пет постигнати гола.

Се вчитува...