ЛЕ: Ајакс обезбеди убедлива предност против Лион

Ајакс обезбеди убедлива предност против Лион, совладувајќи го францускиот тим со 4-1, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа. Бертранд Траоре го отвори резултатот во 25.минута, а девет минути подоцна Каспер Долберг зголеми на 2-0.

Јунес на почетокот на вториот дел постигна трет гол за Ајакс, а Лион намали преку Матие Валбуена во 66.минута. Серијата голови ја затвори повторно Бертранд Траоре, кој во 71.минута зголеми на 4-1, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој дуел.

Утре се игра второто полуфинале во Лигата на Европа, Селта во Виго ќе го пречека Манчестер јунајтед.

Се вчитува...