Рафаел Леао е еден од најдобрите португалски фудбалери во последните пет-шест години блескајќи во дресот на Милан од сезоната 2019/2020.
Она што е интересно, крилниот офанзивец мина само една година во татковината, и тоа како член на Спортинг, по што се пресели во Лил, од каде следеше трансферот во Милан. Неговиот фудбалски пат би можел да биде сосема поинаков доколку при изборот на клуб во Португалија завршеше во Бенфика, наместо во Спортинг. Како што обелодени самиот Леао, преселбата во Бенфика била завршена работа, но тој останал шокиран од лажните ветувања на португалскиот гигант.
„Бенфика сакаше да ме потпише како тинејџер, татко ми прифати бидејќи беше голем навивач на овој клуб. Проблем беше што немавме автомобил во тоа време, па немаше кој да ме вози на тренинг. Ми рекоа дека имаат специјално комбе за такви ситуации, дека ќе ме собираат од пред училиште и ќе ме носат на трениннг. Се согласив, го чекав комбето кога никогаш не дојде, првиот ден, ниту вториот, ниту третиот…. Ме оставија да плачам додека ги чекав на автобуската станица, не одржав ниту еден тренинг со нив…. така на крајот потпишав за Спортинг“, истакна Рафаел Леао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

