Леброн Џејмс дебитираше за ЛА лејкерс со пораз

„Кралот“ Леброн Џејмс со пораз ја стартуваше својата нова епизода во ЛА лејкерс. Иако се работи за претсезонски меч, „езерџиите“ загубија од Денвер со 107-124.

Џејмс го напушти Кливленд како слободен агент ова лето и потпиша договор со ЛА лејерс за следните четири години со вредност од 153,3 милиони долари.

Тој за 15 минути игра постигна девет поени, имаше три скока и три асистенции. Второто големо засилување, Рејџон Рондо, оствари ефект од два поени, седум скока и 11 асистенции за 23 минути на паркетот. Џавал Мекги беше најефикасен во составот на ЛА лејкерс со 17 поени. Кај Денвер, Хуанчо Ергангомес беше најдобар, со 19 поени и пет скока, а Џамал Мери уфрли 18 поени.

Редовната сезона во НБА – лигата почнува на 16 октомври.

Се вчитува...