„Леброн Џејмс е најталентираниот кошаркар во историјата на НБА“

Прашањето дали Леброн Џејмс е најдобриот играч на сите времиња носи жестоки дебати во кошаркарскиот свет. Многумина сметаат дека четирипратниот освојувач на НБА титулата не е ниту на приближно ниво на Мајкл Џордан и Коби Брајант, додека други веруваат дека во историјата немало, а тешко и дека ќе има други кошаркари како него.

Еден од овие вторите е Карл Малоун, легендарниот центар кој доминираше во 90-тите години на претходниот век. За поранешниот кошаркар на Јута и Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс е феномен.

„Леброн е единствен играч. Тој е најталентираниот кошаркар кој сум го видел. Од посетеноста, преку мускулната маса, кошаркарскиот интелект па се до лидерските способности и реализација на своите способности на теренот. Тоа што тој го прави нема повеќе никогаш да го видиме. Оние кои не го сакаат треба да се опуштат и да уживаат во неговата игра“, вели Малоун.

Се вчитува...