Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс и испиша историја

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс и во следните две години ќе ги брани боите на Лос Анџелес Лејкерс. 37-годишникот за тоа време ќе заработи 97.1 милион долари, а во договорот има и „трејд кикер“ опција со која неговата плата ќе се зголеми за 15 отсто доколку биде трејдуван.

Четирикратниот шампион на НБА, кој беше и четири пати МВП и четири пати МВП на финалето, 18 пати Ол-стар и 13 пати член на идеалната петорка во НБА со тоа ќе заработи вкупно 532 милиони долари од договори со што го претекна Кевин Дурент на вечната листа и стана првиот играч во историјата ваков успех.

Се вчитува...