Леброн Џејмс има само една дилема за новиот договор со Лејкерс

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс се очекува и во иднина да го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Неговиот договор со клубот од „градот на ангелите“ завршува на крајот на сезоната 2022/23, а веќе се започнати преговорите за продолжување на соработката.

Четирикратниот освојувач на НБА лигата е задоволен од Лејкерс, задоволен е и тимот од Леброн Џејмс па останува само една дилема при продолжувањето на договорот. Дали тоа ќе биде на една година со која ќе заработи 47 милиони долари или две за 91 милион.

Леброн Џејмс во новата сезона ќе наполни 38 години, но овој факт не го загрижува кошаркарот кој во претходната сезона бележеше просек од 30.3 поени, 8.2 скока и 6.2 асистенции. Голема желба на легендарниот кошаркар е да заигра рамо до рамо со својот син на НБА натпревар, но за тоа ќе мора да почека до сезоната 2024/25.

Се вчитува...