Леброн Џејмс навистина е „крал“: Ова се аргументите

Леброн Џејмс постотјано е во фокусот на медиумите, особено последниве денови, пред се поради одличните изданија во НБА финалето во кое Лос Анџелес Лејкерс водат со 3-1 против Мајами. По речиси секој натпревар од финалето неговото име го има меѓу најдобрите во статистиките кои ги покажуваат најголемите во историјата на Лигата.

Последниот факт за фасцинантната кариера е податокот дека 35-годишниот Леброн шест пати во ја минал бариерата од 500 поени, 150 скока и 150 асистенции во постсезоната. Ова се неверојатни бројки со оглед дека претходно само на Лери Бирд му успеало вакво нешто во плеј-офот во 1987 година.

Фактот што Џејмс го има ова постигнувње шест пати во кариерата во сезоните 2007, 2013, 2015, 2016, 2018 и сега во 20202 година, а целата останата НБА лига го има направено тоа само еднаш е факт кој доволно говори.

 

 

 

 

Се вчитува...