Леброн Џејмс: Повеќе не планирам да се убедувам со Трамп, не вреди со тој тип

Актуелниот НБА шампион со ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс изминативе месеци е еден од главните активисти на социјалните мрежи против политиките на Доналд Трамп.

А покрена и кампањата „Повеќе од глас“ во која ги анимира луѓето да излезат на претседателските избори и да го изразат незадоволството од начинот на кој САД се водени од Трамп. Па, така очекувано се наоѓа често и на удар на актуелниот претседател на САД.

Трамп неодамна го нарече и „гнасниот гласноговорник на демократите и постојан хејтер“. Џејмс претходно во неколку наврати не му остануваше должен, но во последниот разговор за Њујорк тајмс даде до знаење како повеќе не планира со Трамп да се пресметува преку медиумите и социјалните мрежи.

„Не сакам повеќе да се убедувам со тој тип. Сакаме промени, сакаме подобро за своето општество. Мислам дека сега навистина имаме шанса нешто да промениме. Зборувавме за расизмот и полициската бруталност. Многу нешта се случуваа изминатава година а се само луѓето да се обесхрабрат и да не излезат на гласање. Затоа мора да ја подигнеме свеста и да ги едуцираме луѓето“ – вели Леброн Џејмс.

Се вчитува...